HomeАктуелноТошковски: Поефективен систем за набавка на муниција, без бирократски пречки

Тошковски: Поефективен систем за набавка на муниција, без бирократски пречки

Министерството за внатрешни работи реализираше уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.

Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.