ВАСИЛИЧАРСКИ ОГАН ПОД ВОДА
Кај музејот на вода кај Заливот на коските, на атрактивен и за нас препознатлив начин по трет пат под вода го запаливме традиционалниот василичарски оган со кој ја најавуваме Стара нова година.
На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.
Со ова членовите од Нуркачкиот центар АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите. – информираат од нуркачкиот центар „Амфора“.