HomeАктуелноТрадицијата продолжува: Во среда во Лагадин ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Традицијата продолжува: Во среда во Лагадин ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници од Охрид, во среда традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Богослужбата ќе започне во 13:00 часот.

Трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија заради својата вера и љубов кон Христа биле погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христос за време на владеењето на императорот Хадријан. Во овој период врз христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашло и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка за потоа да им бидат отсечени главите.

Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.