HomeАктуелноТрајановски: В недела се отвора делницата Врбјани–Охрид – автопатот Кичево–Охрид добива нов импулс

Трајановски: В недела се отвора делницата Врбјани–Охрид – автопатот Кичево–Охрид добива нов импулс

На автопатот Кичево-Охрид се прават последните подготовки за пуштање во употреба на делницата од Врбјани кон Охрид во должина од околу 40 километри, со прекин кај Ботун, откри за весникот Вечер директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој додава дека граѓаните и туристите кои патуваат кон Охрид веќе се возат по новиот коловоз, a сечењето на лентата е планирано за в недела на пладне.

Овој автопат е дел од западниот дел од коридорот 8 на кој работи и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Се работи на делницата Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани каде што изведувачот интензивно работи следејќи ја динамиката што ја наметна ЈПДП со решавање на експропријацијата на земјиштето.

За комплетирање на коридорот 8 од Скопје до Охрид потребно е да се доигради автопатот од Кичево до Врбјани, но и делницата „Букојчани-Кичево и во моментов тече јавен повик за избор на изведувач. За делницата Требеништа-Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и на регионот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.