HomeАктуелноУапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта

На 07. 12.2025 во 03:25 часот, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.М.(26) од Кавадарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен берлинго“ со кавадаречки  регистарски ознаки, кое го управувал Л.М., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.