HomeАктуелноУНХЦР: Речиси три милиони луѓе избегаа од борбите во Украина

УНХЦР: Речиси три милиони луѓе избегаа од борбите во Украина

Речиси три недели по инвазијата на Русија врз Украина, бројот на Украинци кои избегаа во странство изнесува речиси три милиони луѓе, соопштија денеска ОН.

Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе дека бројката најверојатно ќе се зголеми.

По неделниот руски напад врз воената база Јаворив во близина на Лавов, некои луѓе од западна Украина сега се приклучија на бегалскиот проток преку граница.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.