HomeАктуелноУспешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар извлечен со хеликоптер и пренесен во болница

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар извлечен со хеликоптер и пренесен во болница

По пријава на повредено лице од страна на граѓанин преку телефонскиот број за итни повици 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побара организирано извлекување со хеликоптер на планинар од Велес, кој се здобил со повреда на Пелистер планина, во близина на Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во 12:30 часот успешно интервенираа припадници на Министерството за внатрешни работи, со хеликоптер и специјалната единица „Тигар“. Повреденото лице беше извлечено и безбедно транспортирано до Градскиот стадион во Битола, каде што беше преземено од екипа на Итната медицинска помош – Битола, и пренесено во Клиничката болница Битола, на Одделот за ортопедија.

Лицето во текот на целата акција било свесно и во контакт со спасувачките служби.

Голема благодарност до сите служби кои координирано и навремено реагираа во интерес на спасување човечки живот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.