HomeАктуелноУтре средба Ковачевски – Таравари посветена на влез на АА во Владата

Утре средба Ковачевски – Таравари посветена на влез на АА во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски утре, најверојатно во Владата, ќе има средба со лидерот на Алијансата а Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, дознава МИА од избори во АА.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателството на Алијанса за Албанците во петокот на седница во Тетово формира тим составен од лидерот Таравари и петмина негово најблиски соработници со задача да преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата и ќе се прошири владиното мнозинство.

– Ние ќе седнеме, веќе имаме стратегија, но уште еднаш ќе направиме што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови. Понатаму и за кадровските решенија ќе зборуваме. Ако ни ги исполнат барањата посебно програмските барања, не толку кадровски, тогаш ќе ги слушнеме и членовите на АА и ќе донесеме одлука дефинитивна, јас се надевам не за долг период, за многу кратко ќе се одлучи ова или сме или продолжуваме во опозиција ние сме навикнати на опозоција не ни е проблем тоа, изјави Таравари во петокот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.