Февруари е месецот на ретките болести, во знак на поддршка на лицата со ретки болести, учениците од –СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид ги обоија своите раце во боите на ретките болести.

28 ученици од нашето училиште, медицинари и економисти, го изработија ова видео со цел да пренесат јасна порака за разбирање на лицата со ретки болести помеѓу нас, за потребата од соодветен третман и информирање, за нивна поддршка, за да бидат инспирација, храброст и сила во соочувањето со нивните предизвици – се вели во пораката која ја испраќаат од училиштето.
Погледнете го ВИДЕОТО
подготвил: Е.Р


