фото: Болница Плодност – Hospital Plodnost
УСПЕШНО ПОРОДУВАЊЕ КАЈ МАЈКА СО ПРЕТХОДНО АБДОМИНАЛЕН СЕРКЛАЖ, ПОСТАВЕН ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ ВО ТЕК НА БРЕМЕНОСТА ВО 12 ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА
Уште еден голем успех на тимот на Болница Плодност, на кој сме особено горди. Успешно заврши породувањето на мајка, со претходно изведен абдоминален серклаж, по лапароскопски пат во 12-тата гестациска недела. Поради конгенитална слабост на внатрешното устие на матката и покрај поставените вагинални серклажи, претходните две бремености на пациентката завршуваа со спонтан абортус, во 20-25 гестациска недела на плодот. Единствен начин пациентката да го задржи плодот, беше поставување на абдоминален серклаж по лапароскопски пат, што за прв пат е направен во Македонија од страна на д-р Христијан Трпчевски, со асистенција на д-р Сотир Ропи, велат од Болница Плодност.
Денес имаме сосем друга приказна. Во 34 гестациска недела, родено е витално машко бебе со родилна маса 2310 грама со царски рез, додаваат од таму.
Во искуството на медицинскиот тим на Болница Плодност има повеќе породени мајки со претходно интра абдоминални серклажи со лапаратомија (класична операција) кај бремени жени и превентивни лапароскопски серклажи кај небремени жени со вродена слабост на внатрешното устие на матката.
Болината се гордее што запиша историја – за прв пат поставен интра абдоминален серклаж за време на бременост по лапароскопски пат во нашата држава и успешно завршување на раѓање со здрав плод.
