На ден 22.02.2022 година околу 8:30 часот, бил нарушен јавниот ред и мир на улица „Новопроектирана“, каде што во приватна канцеларија прво на повисок тон бил навредуван Г.К а потоа и физички бил нападнат од страна на М.П.
Случајот бил пријавен во полициската станица во Охрид од страна на оштетениот, додека понатамошниот тек на нарушувањето е прекинат самоиницијативно.
