Охриѓанец нападнат во казино на улицата „Партизанска“.
На 23.01.2022 година во 07.30 часот, во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 32 годишно лице врз 23 годишно лице, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.