Венко Филипче му го предаде раководењето со министерството за здравство на Беким Сали.
Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите, рече сега веќе поранешниот министер за здравство Филипче.