HomeАктуелноФинска и Шведска, според извештај на „Тајмс“, планираат да се приклучат кон НАТО

Финска и Шведска, според извештај на „Тајмс“, планираат да се приклучат кон НАТО

Финска и Шведска, според извештај на британскиот весник „Тајмс“, планираат да се приклучат кон НАТО уште ова лето.

Весникот „Тајмс”, повикувајќи се на информации од американски дипломат, објави дека членство на двете скандинавски земји било тема на повеќе разговори меѓу министрите за надворешни работи на НАТО во изминатите недели. На разговорите учествувале и претставници на Финска и на Шведска. Русија со инвазијата врз Украина направи „масивна стратешка грешка”, се истакнува натаму.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Финскиот претседател Нинисто во петокот изјави дека очекува во неговата земја да постои парламентарно мнозинство за скоро зачленување во северноатлантската алијанса.На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека загриженоста, Русија да го искористи времето меѓу аплицирањето и конечниот прием за напад врз двете земји, не е никаков аргумент против приклучување. Во Финска, како и во Шведска, според анкетите на јавното мислење, расте процентот на граѓанте кои се за членство во Нато. Додека секој трет Финец во јануари на пример бил за влез во Алијансата, на почетокот на март за првпат повеќе од половината анкетирани се за оваа опција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.