HomeАктуелноФондот за пензиско и инвалидско осигурување продава хотел за 2,75 милиони евра

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување продава хотел за 2,75 милиони евра

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со дозвола од Владата ќе го продава битолскиот хотел „Борец“, или познат како Хотел Битола, со почетна сума од 2,75 милиони евра на јавно наддавање. Станува збор за вкупна површина од 5401 метри квадратни

Проценетата пазарна вредност на деловниот простор од член 1 од оваа одлука изнесува 167.816.095,00 денари, која вредност претставува вкупна почетна цена за јавното наддавање, извести Владата.

Останува да се види дали ПИОМ ќе успее да ја инкасира оваа сума ако се знае дека во 2015 и 2016 имаше два неуспешни обиди и тоа првиот по почетна сума од 138 милиони, а една година потоа по 87 милиони денари.

Локалните медиуми изминатиот месец пренесоа дека хотелот со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите кои таму престојувале се иселени од објектот затоа пшто оди на продажба. Исто така и најголмиот број од вработените си заминале досега од ова претпријатие.

 Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола со години наназад работи со загуби, односно не може да ги подмирува неопходните режиските трошоци, ниту да исплати плати на вработените во друштво, односно хотелот, гласел одговорот од ПИОМ.
Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек со новата методологија што е најавена за забрзан раст на пензиите. Ќе има и пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека пензискиот фонд е стабилен и дека тој ќе ја исплати месечната помош од 1.000 денари за секој пензионер.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.