HomeАктуелно(ФОТО+ВИДЕО) „ Ѕвездо Моја“ е новото музичко остварување, погледнете што „Артист Бенд“ подготвија за својата публика

(ФОТО+ВИДЕО) „ Ѕвездо Моја“ е новото музичко остварување, погледнете што „Артист Бенд“ подготвија за својата публика

Едни од најпопуларните музички ѕвезди во Македонија, Кристијан Тасевски и неговиот бенд „Артист“ на сите дигитални платформи ја презентираа за јавноста својата нова песна „Ѕвездо моја“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Популарниот бенд „Артист“ со нова песна го објавија и видеозаписот за „Ѕвездо моја“.

Драги пријатели, ви ја претставувам „ Ѕвездо Моја“ која е музичко остварување кое долго време стоеше во „фиока“, но заедно со моите колеги од Артист Бенд му дадовме „живот“, изјави Кристијан Тасевски.
Тасевски се заблагодари на сите соработници на овој проект и искрено се надева дека ќе им се допадне на публиката.
Имено, „Ѕвездо Моја“ е прва авторска песна на „Артист Бенд“, видеото е под продукција на Алек Тасевски, додека овој бенд го сочинуваат пет млади музичари кои своите музички квалитети ги спојуваат под слоганот – ‘We play music, we make art’.

Фрнтмен е Кристијан Тасевски, додека пак бендот го сочинуваат и Никола Николовски и Даниел Маневски со клавијатури, Гоги Мицевски со тапани и Теодор Љушкоски со саксофон и кларинет.

Погледнете и слушнете ја новата нумера на „Артист Бенд“, дали таа е новиот хит за публиката?!

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.