Дел од кровна контрукција во зграда на улица „Галичица“ откорната од силниот ветер завршила на улицата на самиот паркинг пред зградата. Од силниот ветер се осетило и тресење на прозорците, велат жителите од соседната зграда. За среќа во моментот кога делот од кровната контрукција паднал долу немало никој од граѓаните кои тука живеат или некој случаен минувач.

Оштетен е само еден автомобил кој бил паркиран пред зградата. Според станарите од соседната зграда и дел од кровната конструкција на другата зграда е разнишан и постои опаснот и тој да падне.
Меѓудругото, ветрот предизвика штети и на дрвјата низ градот. На повеќе места можат да се забележат скршени гранки.

