Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота, генерално чистење на ул.„Железничка„ и ул.„15-ти Корпус“, темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад, расчистена уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти и подигнати големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк.