Пожар кој избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Косел и Опеница, кој припаѓа во надлежност на Македонски шуми сè уште е активен.

Имено, според информациите со кои располага редакцијата на powerinfo.mk од местото на настанот противпожарните екипи го напуштија местото на настанот, а со работата ќе продолжат утре.
Од Охрид може да се забележи густ чад како се издига од блиската планина кон небото.
