Франција го презеде кормилото на ЕУ од Словенија. Во следните 6 месеци Париз ќе претседава со Советот на ЕУ а претседателот Макрон најави дека тоа ќе биде време на напредоци. Целта е силна и суверена Европа.
-2022 година мора да биде пресвртна година за Европа. Нашиот континент во изминатите години беше често навредуван, на ЕУ ѝ беше префрлано дека поради поделеноста, е неспособна за заеднички проекти и е на пат кон општествена ирелевантност. Но, корона-кризата покажа дека заедништвото не е само корисно, туку и извор на надеж истакна францускиот претседател во видео порака.
Францускиот претседател најави и политика на повторно анагжирање и инвестирање на ЕУ во Западен Балкан и потенцира дека блокот има посебна одговорност кога станува збор за овој регион. Соопшти и дека во јуни ќе организира Конференција за Западен Балкан, но повеќе детали не објави. Меѓу приоритетите на новото претседателство не е проширување на унијата, посебно чувствителна тема за французите. Спорред аналитичарите Емануел Макрон во превид го има и својот резибор на претседателските избори во април. Меѓутоа, Макрон сѐ уште не се изјасни конкретно околу повторна кандидатура, иако во Франција се смета дека тоа е само прашање на време.