Снегот и дождот се уште прават проблеми во Југозападниот дел на земјава, вечерва на магистралниот пат Охрид- Битола, планинскиот превој кај Буково и Ѓавато во тотален хаос поради снежните врнежи.
Од Македонија пат информираат дека, од 18.50ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, додека на телефонските броеви кои ги контактира редакцијата на powerinfo.mk не одговорија на повикот.
До редакцијата на powerinfo.mk пристигнаа и видео записи од моменталната состојба на патот.