HomeАктуелноХероин пронајден во „мерцедес на 60-годишен гостиварец

Хероин пронајден во „мерцедес на 60-годишен гостиварец

Вчера во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени  пари, информираат од МВР.

Гостиварецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.