Со полициско обезбедување членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои од четвртокот престојуваат во Куманово поради притисок на дел од јавноста, доцна вечерта со автобус се префрлени во хотел во Скопје.
Фрлени јајца и искршена врата на куќата во која престојуваа, негативни реакции на дел од јавноста се причина тие да го напуштат Куманово поради загрозување на нивната безбедност.
Во Скопје неколку хотели ги одбиле за престој и до 3 часот по полноќ чекале во автобус.