HomeАктуелноЦената на горивата денеска нема да се менува, РКЕ веднаш ќе реагира штом се донесат измените за акцизите и ДДВ

Цената на горивата денеска нема да се менува, РКЕ веднаш ќе реагира штом се донесат измените за акцизите и ДДВ

Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во Службен весник, Регулаторна комисија за енергетика веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

Во врска со измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ. Владата на предлог на министерот за финансии поблиску ги определува видот на енергентите, временскиот период како и начинот на пресметката на акцизата утврден согласно одредбите од став (11) на овој член.

РКЕ ќе ја вкалкулира намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.