HomeАктуелноЦената на нафтата екстремно расте поради ескалацијата во Украина

Цената на нафтата екстремно расте поради ескалацијата во Украина

Цената на нафтата скокна над 100 долари за првпат по повеќе од седум години, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воена операција“ во источна Украина, јави Би-Би-Си.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Информациите за ескалацијата, исто така, предизвикаа азиските берзи да тргуваат пониско за 2 до 3 проценти. Пазарите трпат удари во последните неколку дена додека ескалираа тензиите – цените достигнаа 98 долари пред неколку дена кога Путин го раскина мировниот договор и распореди војници во два источни региони под контрола на бунтовниците.
Дописникот на Би-Би-Си од Азија вели дека инвеститорите бегаат кон она што го сметаат за безбеден имот. Цените на златото се на највисоко ниво за повеќе од една година, додека американскиот долар и јапонскиот јен исто така зајакнуваат
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.