HomeАктуелноЦените на основните производи остануваат замрзнати.

Цените на основните производи остануваат замрзнати.

Цените на основните продукти остануваат замрзнати. До крајот на февруари лебот, млекото, шеќерот, брашното, маслото за јадење, месото, сирењето, урдата, јајцата, тестенините и оризот ќе се продаваат по иста цена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот за економија, посочи дека одлуката за ограничувањето ќе биде доставена до Влада.

Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, напиша Бектеши на ФБ.

Дел од бизнисите пак чии цени се замрзнати, се пожалија дека ваквата мерка им е на штета и дека не треба да се прдолжи, или ако се случи тоа да им помогне државата.

Посочија дека нивните производствени трошоци се многу високи и со ваквите ограничувања не се сигурни дека ќе можат да ги испорачувата потребните количини на производи.

Одлуката да се ограничат цените, Владата ја донесе на крајот од минатата година, откако производите почнаа да поскапуваат како резултат на зголемувањто на цената на енерегенсите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.