HomeАктуелноЦрвен тепих на хуманоста утре во Охрид.

Црвен тепих на хуманоста утре во Охрид.

Акцијата „Црвен тепих на хуманоста“ ќе се организира утре во Охрид од 10 до 16 часот. Тепихот ќе биде поставен крај Божикната пештера на градскиот плоштад, симболиката на црвениот тепих е помагањето како  најголема христијанска должност. Храна се собираше и во текот на изминатите денови, а утре ѕвезди на црвениот тепих ќе бидат сите хумани граѓани, фирми, организации, здруженија, велат од здружението Бадникови поворки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Храна се собираше во текот на изминатите денови. Во акцијата се вклучија граѓани, граѓански организации, и доброволно се вклучија ученици од охридските училишта. Социјалните пакети од досега собраната храна беа селектирани и пакувани за време на викендот од учесниците  од Бадниковите поворки од минатите години, а ќе бидат доставени до социјално загрозените граѓани по доставен список од Центарот за социјална работа и секаде онаму каде што знаеме дека има потреба. Без разлика дали има пандемија или не, сепак мора да се донесе радост на некој начин, вели Летка Филипова, главен координатор на настанот.

Од Општина Охрид напоменуваат дека во рамки на акцијата ќе се собира исклучиво нерасиплива храна. Социјалните пакети ќе се делат по семејствата каде што е најпотребно во текот на деновите до Божик.

Имено, втора година по ред, Бадниковите поворки на радост коишто вообичаено вклучуваат директно учество на неколку илјади деца, се заменуваат со големи хуманитарни акции поради пандемијата од Корона вирусот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.