По повод празникот Рамазан бајрам, честитка до муслиманските верници испрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, со желби за добро здравје, радост и хармонија.
Вашите домови нека се исполнат со човечка топлина и среќа, а секоја грижа и тага да стане минато. Со своите ближни да ги почуствувате сите радости на овој голем ден и деновите од големиот пост што претходеа. Месецот Рамазан е месец на добронамерност и солидарност кој поттикнува добри дела водени од љубовта кон Бога. Во нашето мултиетничко и мултикултурно општество секогаш се негувале вековитите традиции и големите верски празнувања. Со вас празнуваат и нашите срца и души. Уште многу години сложно и заедно да се радуваме на вакви големи денови. Bajram Serif Mubarek Olsun!- стои во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.
