Со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба упатувам срдечни честитки до сите припадници на српската заедница по повод големиот празник Свети Сава, првиот српски архиепископ и просветител.
Ваквите празнични денови се можност да испратиме силни пораки за поголема почит и соработка. Сполотени во нашето мултиетничко општество се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да ги чуваме и унапредуваме пријателствата, како основа за поголем напредок на Охрид и на нашата држава.
Посакувам верата во Бога и човекољубието да бидат водилка за идните генерации, во насока на градење на поголемо заедништво и меѓусебно разбирање.-напиша на својот фб профил градоначалникот на општина Охрид,Кирил Пецаков.