HomeАктуелноЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  упати честитка до припадниците на турската заедница во  Охрид и Република Македонија,  по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење  и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме  јазичните и културни одбележја на различните народи  со кои живееме  во нашата заедничка татковина, Македонија.

Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет.  Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности,  придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите нас .Ова е влог и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател на нашиов град и  држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.