HomeАктуелноЧеститка од министерот Горан Минчев по повод христијанскиот празник Бадник

Честитка од министерот Горан Минчев по повод христијанскиот празник Бадник

Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод христијанскиот празник Бадник.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Овој ден, кој е симбол на семејството, љубовта и заедништвото, нека Ви донесе мир, радост и благосостојба во Вашите домови, се наведува во честитката.

Минчев потсетува на значењето на солидарноста и поддршката, кои се, како што наведува, темел на нашето општество.

– Да го прославиме овој празник, со отворени срца, споделувајќи го празничниот дух со најблиските, пријателите и сите околу нас. Воедно, да се потсетиме на значењето на солидарноста и поддршката, кои се темел на нашето општество. Во името на Министерството за јавна администрација, Ви посакувам среќен и бериќетен Бадник, исполнет со љубов и хармонија, се наведува во честитката од министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.