Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-01).
Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. – соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан ДимовскиСВР Охрид.
Исто така синоќа, полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со инспектори од УЈП извршиле контрола во угостителските објекти во Охрид.
Во еден објект лоциран на булеварот „Јане Сандански“, во кој имало 450 гости, било констатирано дека одговорното лице кое го изнајмило објектот, не ангажирало агенција за обезбедување и не поседувало соодветна документација и одобрение за вршење на дејноста. Од страна на овластените службени лица била изречена соодветна глоба. – информирa портпаролот Димовски.
Во денешниот Билтен, СВР Охрид уште информира дека ноќеска во 04.30 часотбил приведен 30-годишен охриѓанец. При преглед во патничко возило „БМВ“, во кое се превезувал, извршен на ул.„Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници пронашле и одзеле ќеса со марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.