HomeАктуелноЧетворица кандидати во големата изборна трка за Охрид – Пецаков, Шајн, Цветкоски и Стевоски ќе ја бараат довербата на граѓаните

Четворица кандидати во големата изборна трка за Охрид – Пецаков, Шајн, Цветкоски и Стевоски ќе ја бараат довербата на граѓаните

Охрид на 19 октомври ќе биде пред вистинска политичка битка – четворица кандидати ќе се натпреваруваат за довербата на граѓаните и за градоначалничката функција во еден од најзначајните туристички и културни центри на Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во трката повторно влегува актуелниот градоначалник Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кој доби нова поддршка од партијата за уште еден мандат. Пецаков упати искрена благодарност до охриѓани и до лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека довербата за него претставува и чест и голема одговорност. „Верувам дека низ отворената комуникација со граѓаните успеавме да решиме многу долгогодишни проблеми и токму тоа е мојата мотивација за нови предизвици“, изјави тој.

Сериозен противкандидат е докторот и поранешен директор на Општата болница во Охрид, Асен Шајн, кој ќе ја предводи СДСМ и Коалицијата. Тој потенцира дека ќе работи чесно, одговорно и транспарентно. „Ќе се слушне гласот на граѓаните и ќе се видат конкретни резултати. Заедно ќе изградиме подобар Охрид за сите“, порача Шајн.

Во трката повторно се враќа и Гоце Цветкоски, кој настапува како независен кандидат, откако веќе има изборно искуство како кандидат за градоначалник во 2021 година.

Стевче Стевоски од „Твоја партија“ влегува по трет пат во борбата за функцијата, со богато политичко искуство од претходни избори, каде што настапувал и како независен кандидат и како дел од други политички субјекти.

Покрај четворицата кандидати за градоначалник, за Советот на Град Охрид се поднесени вкупно 11 советнички листи – седум од партии и четири независни листи, што дополнително ја прави изборната трка неизвесна и возбудлива.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.