HomeАктуелноЧетворица повредени во тешка сообраќајка во тетовско

Четворица повредени во тешка сообраќајка во тетовско

Вчера на патот Тетово-Јажинце се случила тешка сообраќајка меѓу две возила при што се повредени четири лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„На 24.07.2022 во 17.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во тетовско Глоѓи, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.О.(50) од тетовско Орашје и патничко возило „шевролет“, управувано од Ф.А.(33) од тетовско Шемшево, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А(62) од С.Шемшево, сопатник во возилото „шевролет“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „шевролет“ С.А.(43), констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово“, соопштуваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.