HomeАктуелноЧетири години затвор за обвинетите во случајот „Јавна соба“

Четири години затвор за обвинетите во случајот „Јавна соба“

Основниот кривичен суд Скопје денеска им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

На социјалната мрежа Телеграм оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Според обвинителот Владимир Милошевски, обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.

Обвинителот предложи мерката куќен притовор да се продолжи до издржување казна затвор на обвинетите, поради тоа што можноста за бегство се мултиплицира во конкретниот случај.

Адвокатите на обвинетите на денешното судење побараа за се укине мерката куќен притвор или да биде заменета со друга поблага меркам имајќи предвид дека Костовски и Паневски биле подолго време, односно околу 13 месеци во куќен притвор.

Судот по советувањето донесе решение мерката куќен притвор против обвинетите Дарко Костовски и Михаил Паневски да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од изречената казна затвор, заради тоа што се уште смета дека постои опасност од бегство на обвинетите.

Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.