HomeАктуелноЧетири часа се гасеше пожар во куќа во Тетово

Четири часа се гасеше пожар во куќа во Тетово

Тетовските пожарникари ноќеска четири часа гасеа пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“ во близина на Саат џамија. Нема повредени луѓе при пожарот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена и немаше повредени. Од наша страна е интервенирано по пријава во 02:55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 06.50 часот, информира Авни Амети, командант на тетовските пожарникари.

На пожарот работеле 12 пожарникари со четири возила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.