HomeАктуелноШест месеци од трагедијата во Кочани, каде загинаа 62 лица

Шест месеци од трагедијата во Кочани, каде загинаа 62 лица

Шест месеци од трагедијата во Кочани, по тој повод вечерва во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите, а во Кочани ќе се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани кога во голем пожар во т.н. кабаре „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е една од поголемите трагедии во поновата историја на државата.

По тој повод вечерва во 20:16 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите. Протестот е на повик на иницијативата „Кој е следен“

Покрај во Скопје, собир ќе се одржи и во Кочани, каде што родителите и роднините на загинатите ќе излезат на традиционалниот „Марш на ангелите“ што го практикуваат речиси секој викенд по трагедијата. Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ каде што и ќе заврши.

Обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани беше поднесено речиси три месеци по трагедијата, на 13 јуни. Обвинети се вкупно 34 физички и три правни лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.