Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн денеска изрази сочувство за страдањата на Украинците и му порача на рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да престане војната.
Во интервју за јавното радио 100,7, министерот изразил жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.
Ако рускиот народ виде што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашеа и колку човечки животи може да има на својата совест, тогаш ќе го соборат Кремљ, рече Аселборн.
Тој додаде: Тоа е можеби сè што може да се посака, Путин да биде навистина физички елиминиран за да се запре сето тоа.
Запрашан од АФП, Жан Аселборн објасни дека „тоа го кажал под влијание на емоции“ откако западните дипломати на местото на настанот го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ.
Аселборн рече дека е песимист за изгледите за решавање на конфликтот преку дипломатија и преговори.
Не треба да им кажуваме на луѓето дека дипломатски ќе успееме да направиме пресврт со Путин како претседател, рече тој.
Руската инвазија на Украина трае веќе седум дена.