HomeАктуелноШОКАНТНО – МЗ: Омикрон детектиран кај 33 пациенти од кои 10 се од Охрид.

ШОКАНТНО – МЗ: Омикрон детектиран кај 33 пациенти од кои 10 се од Охрид.

Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, како што се посочува, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци.

Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, четворица од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани. Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2, информираат од Министерството, пренесува МИА.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.