HomeАктуелноЃорѓиев:„За Илинденското востание досега не се разговарало во комисијата“

Ѓорѓиев:„За Илинденското востание досега не се разговарало во комисијата“

„За Илинденското востание досега не се разговарало во комисијата“, вели Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, за Дојче Веле.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„За Илинденското востание досега не се разговарало во комисијата“, вели Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, за Дојче Веле.

Прашањето се наметна откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон илинденското востание и прифатено именувањето илинденско-преображенско востание. Со тоа, рече Османи, се создала рамка во која се очекува комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Бугарија – дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на комисијата рече министерот.

„Според претседателот на историската комисија Илинденското востание било спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на комисијата. Но тој предлог не бил прифатен од наша страна и илинденското востание никогаш не било тема на разговор во комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за илинденското востание“, дециден е Ѓоргиев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.