HomeАктуелноЈаулески: СДСМ зборуваат за континуирано покачување на платите додека на Македонија ѝ се заканува галопирачка инфлација

Јаулески: СДСМ зборуваат за континуирано покачување на платите додека на Македонија ѝ се заканува галопирачка инфлација

Кога СДСМ зборуваат за континуирано покачување на платите, забораваат да кажат дека континуирано ги покачуваат и трошоците за живот.
На Македонија ѝ се заканува галопирачка инфлација, а доказ за тоа е последното соопштение на Државниот завод за статистика.
Македонија се ближи до галопирачка инфлација, според трошоците за живот во споредба со минтата година инфлацијата изнесува 6.7%, а индексот на цените на мало за истиот период бележи раст од 7.3%.
Ако се продолжи со оваа неспособност во сите области, ова минимална плата од 18.000 денари нема да стигне за да се покријат трошоците за живот и скапиот ПР нема да ве спаси ниту повторно да донесете човек од Германија кој што ќе кажува дека со минималната плата се изедначени условите за живот и дека добро се живее.
И доколку навистина имавте грижа за скалесто зголемување на платите во сите сектори, ќе го прифатевте амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предлагаше усогласување на мининалната плата во сите сектори, конкретно и за просветните работници а не да ја замајувате јавноста дека ВМРО е против зголемување на платите. – изјави од говорницата пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.