HomeАктуелноЈП Билјанини Извори: Мерки за безбедност и регулација на сообраќајот за Велигденските празници

ЈП Билјанини Извори: Мерки за безбедност и регулација на сообраќајот за Велигденските празници

Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампата во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот, информираат од ЈП Билјанини Извори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Посочуваат на рампата кај Горна Порта и тоа во периодот од 18 април, петок, од 07 часот до 22 април, вторник во 07 часот.

Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица, посочуваат од претпријатието.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.