HomeАктуелноЈ.П. „Билјанини Извори“ со нова механизација за современо одржување на спортските терени

Ј.П. „Билјанини Извори“ со нова механизација за современо одржување на спортските терени

Ј.П. „Билјанини Извори” продолжува со вложувања во унапредување и модернизација на опремата за одржување на тревнатите спортски терени. Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, реализирана е набавка на нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење овозможува и отстранување на сувата трева преку посебни ножеви. Согласно потребите на претпријатието, дополнително е обезбедена и опрема за подобро одржување и прихрана на тревата – ѓубре расфрлач со хидроулично регулирање и прскалка 330L со АГМ пумпа со 8 метри рам, со кои ќе се овозможи оптимално прихранување и третирање на тревната подлога, како на фудбалските терени, така и на голф теренот. Со оваа набавка, Ј.П. „Билјанини Извори” продолжува да создава услови за современо и професионално одржување на спортската инфраструктура со која стопанисува јавното претпријатие, информираат од Ј.П. „Билјанини Извори”.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.