HomeАктуелноЌе има ли штрајк за платите во образованието?

Ќе има ли штрајк за платите во образованието?

Нема одговор од Владата за скалесто зголемување на платите во образование. Синдикатот ветува конструктивност и продолжување на дијалогот, но велат членството е револтирано и затоа в сабота на седница на Советот на СОНК можно е да биде донесена одлука за протест или штрајк. Неделков вели преговорите за усогласување на платите со новиот минималец почнале, но откако се увидело дека се работи за поголема сума, одговорот изостанал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Проблемот на усогласување на основната со минималната плата е стар, но сега е уште поизразен заради значително зголемениот износ од 18.000 со кој ќе треба да се усогласат останатите плати.

Од ССМ пак велат дека не се тие надлежни за зголемување на платите туку министерствата, а дали платите ќе се усогласат најмногу зависи од преговарачката способност на синдикалците.

Обвинуваат дека Неделков ставил потпис на колективен договор со кој основната плата е помала од минималната и токму од тука почнуваат проблемите со ниските плати кај некои работни позиции.

Зголемениот минималец од 18.000 денари на сметките на работниците ќе легне најдоцна до 15 април кога истекува законскиот рок за исплата на мартовската плата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.