Претседателот Џафери испрати електронска честитка до амбасадорите на странските земји во Македонија, до пратениците и службениците во Собранието.
Денес Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, традиционално донираше некондиторски пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје, додека во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина” и Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец”, донираше нагледни средства за успешна реализација на наставните програми согласно потребите на учениците.
Следејќи ги и почитувајќи ги протоколите за заштита од КОВИД – 19, Претседателот Џафери не присуствуваше лично да предавањето на донацијата и испрати честитка со желби за здравје, успех и напредок во Новата Година 2022 за децата, за вработените и нивните семејства.
Оваа година, Претседателот Џафери испрати електронска честитка до амбасадорите на странските земји во Република Македонија, до пратениците и службениците во Собранието, потврдувајќи ја и со овој чин посветеноста и заложбата за сведување на употребата на хартија во Собранието во 2022 година само на неопходниот минимум.