HomeАктуелноАвтобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка”: Има и повредени

Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка”: Има и повредени

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.

Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.