На 05.08.2024 година во 23 часот во СВР Охрид, на улицата „Железничка” во Охрид, патничко возило „фиат” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(39) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Д.(34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Д. и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
