HomeАктуелноАкциска контрола на подрачјето на СВР Тетово

Акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово

Изминатиот викенд (22/23 април) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 15 возачи (ТЕ-13 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до 2 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители биле исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.