HomeАктуелноАкциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини

Акциска контрола на територија на ЕВР Чаир: санкции за четири отпади со секундарни суровини

Денеска (16.06.2023), полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир. При контролата  било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни. По консултација со јавен обвинител, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.