МВР билтенот е само еден од доказите дека секојдневното напаѓање на кучиња скитници на наши сограѓани и понатаму продолжуваат, по случајот во Струга која ја потресе македонската јавност чести напади има и во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево.
На 30.01.2023 во 08.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник, велат од МВР.
На истиот ден 30.01.2023 во 16.00 часот во СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, Х.К.(41) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Понатаму МВР билтенот сведочи дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека и во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.
По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?
